Пандев со порака пред стартот на сезоната во Серија А

Македонскиот фудбалер Горан Пандев во пресрет на својата најверојатно последна сезона во кариерата се обрати до навивачите на неговиот клуб Џенова, на кои им заблагодари за поддршката и вели дека тие се најзаслужни што решил да игра уште една сезона на клупска сцена откако се повлече од репрезентацијата.

„Во сабота е почетокот на Серија А и горд сум што повторно ќе го носам дресот на Џенова. Им се заблагодарувам на претседателот, клубот, тренерот, стручниот штаб, моите соиграчи и до вас навивачите. Ви благодарам на секој од вас за пораките кои ме убедија да останам. Одвај чекам да ве поздравам на ‘Луиџи Ферарис’. Напред Грифони“, напиша Пандев.

Викендов започнува новата сезона во Серија А, а Џенова е домаќин на првакот Интер, клуб во кој и Пандев играше со голем успех и во 2010 година освои тројна круна.

- Оглас -

Најнови вести