Пандев: Среќен сум за овој јубилеј

Горан Пандев вчера го одигра јубилејниот 400-ти меч во Серија А, бројка со која не може да се пофалат многу фудбалери, посебно оние кои доаѓаат од странство. Популарниот Гоче ги одигра вторите 45 минути на дуелот против Фрозиноне, а навивачите на Џенова со овации го поздравија за јубилејниот настап.

„Среќен сум што стигнав до овој јубилеј и им се заблагодарувам на сите луѓе што ми дозволија да дојдам до 400 настапи во Серија А“, напиша Пандев на својот инстаграм-профил.

Низ текот на својата кариера, Пандев во Серија А ги носеше дресовите на Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.

- Оглас -

Најнови вести