Пандевци конечно ги скротија Лавовите среде Ѓорче Петров

Академија Пандев првпат по шест гостувања славеше со 2-1 против Македонија Ѓорче Петров за четврта победа на струмичкиот состав во последните пет кола од Првата лига на Македонија.

Пандевци уште во првите половина час од дуелот во Ѓорче Петров ги озбезбедија бодовите, со помош на двата гола на Крстовски во 6-тата и 26-тата минута. Фазли во 61-та минута го намали резултатот на 1-2, но Лавовите до крајот не се спасија од осмиот овосезонски пораз во шампионатот, односно прв на домашен терен против Академија Пандев.

Струмичани сега се на седмата позиција на табелата со 31 бод, додека Македонија ЃП остана на третата позиција со 41 бод по 25 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести