Пандевци се налутија откако примија гол во прва минута, прв пораз на Брегалница, делириум во Струга

Екипата на Академија Пандев неочекувано убедливо ја совлада Македонија Ѓорче Петров во меч кој требаше да биде најинтересен попладнево на програмата во првата македонска фудбалска лига. Лавовите поведоа уште во прва минута, но потоа доминираа струмичани кои постигнаа четири гола, и тие сега се лидери на табелата и најефикасен тим во лигата.

Работнички ја победи Брегалница, и ова е прв пораз за штипјани по враќањето во прволигашкото друштво. Во Струга, домашните го совладаа Скопје со гол на Галевски во 95-та минута.

Резултати: Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров 4-1, Борец – Пелистер 2-1, Работнички – Брегалница 2-0, Струга Трим Љум – Скопје 1-0, Тиквеш – Ренова 0-2. Мечот Шкендија – Шкупи ќе се игра во вторник.

После некомплетни 6 кола, води Академија Пандев со 13 бода, пред Струга со 12, Ренова и Работнички имаат по 11. Шкупи е на 10, и еден меч помалку. На дното се Тиквеш со 2, и Пелистер со само 1 освоен бод.

- Оглас -

Најнови вести