Екипата на Рома имаше солидна сезона во Серија А и на крајот успеа да се избори за учество во Лигата на Европа. Сепак, „волчицата“ не успеала да ги мине финансиските критериуми при лиценцирањето за Европа, па сега е во големи проблеми.
Раководството на клубот мора да најде 12 милиони евра најдоцна до први јули, во спротивно им се заканува казна од УЕФА. „Волчицата„ може да добие забрана за регистрација на фудбалери, но сите се плашат од најцрното сценарио, а тоа е исфрлање од натпреварувањата на УЕФА за следната сезона.
Планот е експресно да бидат продадени Леонардо Паредес и Еван Ндика, но дали тоа ќе биде доволно за „волчицата“ да се спаси од казна, останува да се види на почетокот од следниот месец.