Парите им се поважни од здравјето на целиот човечки род

Марк Овермарс може да се пофали дека имаше одлична фудбалска кариера. Крилниот играч целиот квалитет го покажа во Ајакс, а тоа беше знак дека може да игра и во најголемите клубови, па не случајно беше дел и од екипите на Ајакс и Барселона. Овермарс има и 86 настапи за холандската репрезентација, а сега работи како спортски директор на холандскиот гигант Ајакс.

Токму Овермарс е еден од најразочараните од вчерашната одлука на УЕФА да се чека подобро време за да се комплетира прекинатата сезона во фудбалска Европа. Според Овермарс, тоа е лоша одлука и требало да се донесе решение за прекинување на сите фудбалски активиности затоа што ништо не е поважно од здравјето на луѓето.

„Не можам да верувам дека челниците на УЕФА и на нашата фудбалска федерација не одлучија за дефинитивно прекинување на сезоната. Каков фудбал кога луѓето умираат низ цел свет. Полоши се од Доланд Трамп. Вирусот секојдневно убива илјадници луѓе, а тие зборуваат за парите. За нив е поважна економијата отколку животите на луѓето и здравјето на целиот човечки род“, изјави револтираниот Овермарс за холандски „Телеграф“.

- Оглас -

Најнови вести