Парите не се проблем за Мејведер, на келнерка ѝ плати операција за смалување на градите

Пензионираниот американски боксер Флојд Мејведер познат е по трошење пари на скапи работи, но и на разни будалаштини. Во една прилика, тој на келнерка во Лас Вегас која имала огромни гради, ѝ дал бакшиш од 10.000 долари, за да си ја оствари желбата да направи операција за смалување на градите.

Ова го откри бизнисменот Џон Шахиди.

„Мојот прв состанок со Флојд беше на вечера во Лас Вегас. Таму сите го знаат, а и келнерката која работеше таму добро го познаваше. Во еден момент ја прашаа што би направила ако ги има сите пари на светот, а таа рече дека би го исплатила долгот кој го има на картичката. Рече и дека би сакала да си ги смали градите бидејќи ѝ пречат. Флојд ја праша колку би чинела операцијата, а таа му кажа околу 7.000 долари. Пред да си одиме, Флојд ѝ остави бакшиш од 10.000 долари“, раскажува Шахиди.

- Оглас -

Најнови вести