Парижаните не го забораваат Никола Ѓоргиев, поомилен е таму од Нејмар и Меси

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев, со својот клуб АЦХ Љубљана е во Полска на силен турнир на кој учествува и француски Париз, клуб чиј дрес Никола го носеше во сезоната 2014/2015.

Парижаните не само што не го забораваат, туку средбата со струмичанецот во Вроцлав ја искористија за да му подарат дрес и да му се заблагодарат на харизматичниот одбојкар за придонесот во таа една сезона колку што играше за нив.

Ѓоргиев се заблагодари преку социјалните мрежи: „Еднаш парижанец, секогаш парижанец!“

- Оглас -

Најнови вести