Роналдо: Ми рекоа дека повеќе нема да можам да одам, па се вратив, ќе го победиме и ова

Некогаш најдобриот фудбалер во светот, Луис Назараио да Лима Роналдо, сега е претседател и сопственик на поголем дел од акциите на шпанскиот клуб Валјадолид. Роналдо реши преку писмо да се обрати до сите навивачи на Валјадолид и да покаже колку многу му значи тој тим, кој има 22.000 преплатни билети.

„Долго време размислував дали да ви се обратам во ова време со лоши вести  Сепак, на крајот решив да ви пишам. Фудбалот ме научи многу, а најмногу од се да верувам дека сите проблеми може да се решат. Кога се здобив со првата тешка повреда на коленото, ми велеа дека никогаш повеќе нема да можам да играм, дури и дека нема да можам да одам повеќе. Се лувствував како цел живот да ми го одземаа. Во тоа време кога бев преполн со лоши вести, се борев со тоа на сите да им докажам дека и понатаму можам да го правам тоа што најдобро го знам. Имав тешки години на рехабилитација, но бев мотивиран за повторно да можам да трчам по теренот со топката во нозете. На крајот дојде моментот кога во финалето на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја во финалето против Германија дадов два гола и станавме светски прваци. Ако ова писмо стигне до вас е затоа што еден од моите животни избори е и Валјадолид. Јас така избрав. Сега кога ќе ги затворам очите го гледам нашиот стадион како е полн со навивачи кои се радуваат на успесите. Останете расположени во оние моменти. Заедно сме во ова и ќе излеземе уште појаки. Се гледаме наскоро, голем поздрав“, стои во дел од писмото кое Роналдо го испрати на фановите на Валјадолид.

- Оглас -

Најнови вести