Парондо: Нема простор за опуштање

Вардар го делат 60 минути од шести пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа, во денешниот повратен дуел против ППД Загреб треба да го потврдат тој успех. Првата средба припадна потполно на црвено-црните со високи 18-27, но тренерот Роберто Парондо вели дека неговите ракометари немаат право на опуштање и покрај одличниот резултат.

„Имаме одличен резултат од првиот меч во Загреб, но, тоа не значи дека треба да се опуштиме. Никако не смееме да заборавиме дека Загреб е одлична екипа, мора да продолжиме во наш стил и да го одиграме сериозно овој натпревар. На најдобар можен начин да ја одработиме задачата и во реваншот и така да се пласираме понатаму. Ќе се обидем да им дадам шанса на што повеќе ракометари, па на тој начин играчите да добијат поголема самодоверба за следниот натпревар”, изјави Роберто Парондо, тренерот на Вардар.

Вардар и Загреб претходно сезонава се сретнаа во два наврати, во рамки од СЕХА лигата, во кои двете екипи издовија по една победа на домашен терен. Овој меч на Вардар треба да му послужи и како подготовка за Ф4 турнирот во СЕХА лигата, актуелниот бранител на трофејот во полуфиналето ќе се сретне со домаќинот на турнирот Мешков Брест.

- Оглас -

Најнови вести