Парондо: Прво полувреме со интензитет, во второто се штедевме

Тренерот на ракометниот тим на Вардар, Роберто Парондо, после пласманот во четвртфиналето на ЛШ, истакна дека е среќен се вратија ракометари кои долго беа повредени. Сергеј Горбок се врати после шестмесечна пауза, а и Вуко Борозан имаше враќање на теренот.

Македонскиот ракометен првак шеста година по ред е четвртфиналист во ЛШ. Следен ривал е ПИК Сегед или Висла Плок.

„Среќни сме со пласманот во четвртфиналето, тоа беше најважно. Одигравме многу добро прво полувреме, со интензитет. Во второто полувреме бевме полоши, што е нормално. Драго ми е што некои играчи се вратија по подолга пауза, како Сергеј, Вуко. Сега се вртиме кон полуфиналето во СЕХА лигата. Имаме многу малку време, утре одиме за Брест, долго е патувањето“ – изјави Парондо.

Вардар во вторник вечер игра полуфинале од Ф4 турнирот од СЕХА.

Повратникот Горбок рече вели Вардар влегол добро во натпреварот и дека е многу сум радосен што се вратил долгата пауза.

„Полно ми е срцето, дадов се од себе за Вардар и за оваа публика“, рече Горбок, стрелец на два гола.

- Оглас -

Најнови вести