Партизан апсолутен рекордер во Евролигата

Кошаркарската Евролига ја има една од најизрамнетите сезони, покажува табелата по одиграниата прва полусезона. По 17 кола, првопласираните пет екипи имаат биланс од 11 победи и шест порази, а Виртус Болоња која е дури на 12 место на табелата има само три победи помалку од лидерот Олимпијакос.

По сумираните статистички податоци, српскиот Партизан е клубот кој е со најголема посетеност на домашен терен. Во белградската Штарк Арена, на девет средби на кои Партизан бил домаќин, вкупно имало 149.709 гледачи, што е апсолутен рекорд во Евролигата.

Најпосетен меч е тој на Партизан против макаби кога имало дури 19.011 гледачи, што е рекорд сезонава во Евролигата. Просечно, на мечевите на Партизан како домаќин имало по 16.634 гледачи.

Зад Партизан во ова рангирање е Жалгирис. Литванскиот тим кога игра дома вкупно го гледале 131.637 гледачи, а во просек во салата имало 14.626 публика. На трето место е Анадолу Ефес со вкупна посетеност од 123.213 гледачи, односно 13.690 навивачи во просек на средба.

Ако се гледа процентот на исполнетост на салата во која играат клубовите во Евролигата, тука прва е Црвена Ѕвезда. Салата „Александар Николиќ“ каде што игра српскиот првак, собира 7.500 гледачи, а кога Црвено-белите се домаќини, во просек, трибините имаат исполнет капацитет од 95,94 отсто.

- Оглас -

Најнови вести