Партизан е куп-мајстор, вечниот ривал не му дава покер од пехари

Црвена ѕвезда – Партизан (19 часот)

Големите ривали во Србија неодамна го одиграа 160-тото вечно дерби во првенството, а денеска на ред е и финалето на Купот.

Актуелниот првак ќе има мала предност бидејќи ќе се игра на стадионот „Рајко Митиќ“, или познатата „Маракана“, која е дом на „црвено-белите“.

Преклани финалето се играше на стадионот на Партизан и „црно-белите“ ја искористија предноста, славеа со голот на Никола Миленковиќ и ја продолжија доминацијата во Купот. Имаат три пехари по ред, или вкупно 15 пехари во богата колекција со трофеи.

Црвена ѕвезда е рекордер во Србија со 24 куп-титули и ја чека јубилејната 25-та. Вечерва е фаворит, нема пораз од Партизан на последните шест меѓусебни средби и има предност како фаворит за пехарот.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.30)

 

Етар – Славија Софија (19 часот)

Етар и Славија вечерва ќе одлучат која екипа ќе продолжи да се надева на настап во Лигата на Европа, по полуфиналниот двомеч на овие два клуба.

Првиот дуел во Софија заврши со триумф на домаќинот од 1:0, па гостите ќе тргнат на реваншот во Велико Трново со предност.

Етар има само еден пораз на пет меча како домаќин против Славија и тоа ќе се обидат да го искористат избраниците на легендата на бугарскиот фудбал Красимир Балаков. Неговото искуство како светски познат ас може да биде предност на Етар, но Славија има поголемо реноме и малку подобар тим.

Очекуваме за гостите од Софија да игра и нашиот поранешен репрезентативец Дарко Тасевски, а типуваме дека и двете екипи ќе дадат гол.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

Газ Метан – Волунтари (19.30 часот)

За Газ Метан нема зима и оваа екипа и следната година ќе игра во најсилната романска екипа. Волунтари е малку поинаква приказна и сè уште го нема обезбедено опстанокот во плејаутот што е во тек.

Тимот што од клупата го предводи италијанскиот стручњак Кристијано Бергоди е на добар пат да се спаси, но вечерва му треба успех, односно да не загуби од Газ Метан.

Волунтари тргна во битката за опстанок како претпоследен со 11 бодови, но сега е на прагот да го визира настапот во Првата лига за следната сезона. Имаат два бода повеќе од Калараши и три од Херманштад, но и меч помалку.

Голем проблем за нив е што Метан Газ им е незгоден ривал и го немаат победено на последните шест натпревари, но вечерва гостите имаат многу поголеми мотиви и ќе типуваме дека нема да загубат.

Предлог тип: Х2 (1.60)

 

Штутгарт – Унион Берлин (20.30 часот)

Штутгарт ќе има нова шанса да остане во Бундеслигата, но ќе мора да го надигра во два меча членот на Цвајта, Унион Берлин.

Денешниот домаќин има многу поголемо реноме, но Унион има големи амбиции. Речиси никој не веруваше во проектот на Дирк Зинглер, но првиот човек на Унион Берлин успеа да го дотурка клубот на прагот на Бундеслигата. Дури имаа и шанса во регуларниот дел од Втората германска лига и директно да влезат во елитата, но одиграа само нерешено со Бохум и останаа за бод покуси од Падерборн.

Сега најавуваат дека имаат план како да го изненадат Штутгарт, кој сепак е фаворит и се надева дека ќе биде деветтата екипа од вкупно 11 вакви баражи што како член на Бундеслигата влегла во доигрувањето за едно место во елитата и останала таму.

Ваквиот систем во Германија, 16-пласираната екипа од Бундеслигата и третопласираната од Цвајта да играат двомеч за едно место во најсилната лига се игра од 2009 година и во 8 од 10 баражи прволигашот се изборил за опстанок. Само Нирнберг на премиерата во 2009 година и Фортуна Дизелдорф во 2012 година беа поуспешни од тогашните прволигаши Котбус и Херта, сè останато заврши како неуспешен обид на второлигашките екипи.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (1.95)

 

Данди јунајтед – Сент Мирен (20.45 часот)
И ова е сличен двомеч на германскиот, а второлигашот Данди јунајтед ќе се обиде да ги смени позициите со Сент Мирен, кој влегува во финалниот бараж за опстанок како член на најсилната шкотска лига.

Данди јунајтед долг период е во криза, се обидува да излезе од неа, а успех во баражот би бил добра најава за клубот со значајно реноме во шкотскиот фудбал.

Во финишот на сезоната играа одлично, а особено се успешни на домашен терен, каде што не победија само еднаш на последните 8 меча.

Сент Мирен беше претпоследен во првата фаза од доигрувањето за опстанок, не успеа да си го продолжи прволигашкиот статус за еден бод, па сега ќе мора на поправен против Данди јунајтед. Клуб против кого загуби 9 меча по ред на гостувањето на „Тенедајс парк“ во Данди.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести