Партизан ја победи Црвена ѕвезда пред 20.000 навивачи на Црвено-белите

Партизан ја прекина серијата од шест порази по ред во Евролигата, победувајќи го вечниот ривал Црвена ѕвезда со 89:77, во дербито на 11 коло на елитното кошаркарско натпреварување. За Партизан ова е само трета победа сезонава во Евролигата, додека Црвена ѕвезда го претрпе шестиот пораз.

Првата четвртина беше израмнета, двата тима се менуваа во водство, а домаќините имаа предност од 21:19. Црвена ѕвезда ја имаше контролата на резултатот до средината на втората четвртина кога водеа со 31:27, а потоа следуваше добра игра на Партизан. Црно-белите со серија од 12:1 го превземаа водството (39:32), а потоа со добра игра постојано имаа контрола на резултатот.

Во еден дел од третата четвртина Партизан стигна и до 55:41, а црно-белите потоа имаа и највисоки 17 поени предност (75:58) и до крајот на мечот не дозволи да има изненадување и славеа во арената во која имаше речиси 20.000 навивачи на Црвена ѕвезда.

Во мечевите кои досега завршија: Анадолу Ефес – Париз 84:93, Монако – Асвел 103:92, Олимпијакос – Басконија 92:69.

- Оглас -

Најнови вести