Партизан ја победи Ѕвезда во мечот на кој судиите избегаа од теренот и имаше 40 минути прекин (Видео)

Финалето во регионалната АБА кошаркарска лига ќе продолжи најмалку за уште еден меч откако Партизан ја победи Црвена ѕвезда со 70:67 и намали на 1:2 во победи. Овој дуел траеше речиси три часа, и тоа најмногу поради прекинот кој се случи пред самиот крај.

На 57 секунди пред крајот, Партизан даде тројка со која поведе со 68:65, а потоа имаше и тајмаут.

Во тој момент тројцата судии решија да го напуштат теренот, а кошаркарите останаа збунети. Прекинот траеше 40-тина минути, а откако беа расчистени дел од трибините на кои беа навивачите, мечот продолжи.

Во последната минута од мечот Партизан ја задржа предноста од три поени и стигна до првата победа во оваа финална серија.

 

- Оглас -

Најнови вести