Партизан не им дозволи на Студентите ниту да помислат дека повторно може да победат во Белград

Белградскиот Партизан се пласира во полуфиналето на плејофот во АБА-лигата откако вечерва во решавачкиот трети меч против црногорскиот Студентски центар, го разбија гостинот со 112-83.

Првиот меч во оваа серија го доби СЦ, и тоа во Белград со еден поен разлика, а потоа на вториот меч во Подгорица, Партизан триумфира со два поени разлика. Вечерва немаше драма и неизвесност, српскиот тим доминираше благодарение на високиот процент на реализација на шутевите, а и поддршката од над 14 илјади фанови.

Партизан погоди дури 17 тројки од 30 обиди и тоа беше клучно за триумфот.

- Оглас -

Најнови вести