Гробарите се луди за кошарка, над 14.000 луѓе има на мечот со Студентски центар (Видео)

Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград има навивачи какви што нема на друго место во Европа.

На мајсторката со црногорскиот Студентски центар од четвртфиналето на АБА-лигата има 14.077 гледачи на трибините на белградската „Арена“. Сезонава во Евролигата на повеќе мечеви Партизан имаше поддрша од над 20.000 фанови.

Ако е вака против Студентски центар во четвртфинале, којзнае како ќе биде во полуфиналето против Цедевита Олимпија и особено во можното финале против Црвена ѕвезда. Партизан благодарение на феноменалната реализација на тројките, има убедлива предност и сигурно ќе слави победа вечерва.

- Оглас -

Најнови вести