Партизан продолжува „максимално“ во АБА лигата, серијата на Дубаи заврши во Белград

Кошаркарите на Партизан тесниот пораз од Париз во Евролигата го преболеа со убедлива победа на домашен терен против Дубаи со 82-61 во Јадранската АБА лига. „Црно-белите“ од Белград со тоа остануваат единствената „максимална“ екипа во лигата со осум победи на исто толку натпревари.

На спротивната страна, серијата на Дубаи од четири победи во јадранското друштво заврши во Белград, иако пласманот на дебитантот може да се отцени како одличен.

Партизан лошо го отвори мечот и му дозволи на противникот на првата мини пауза да замине со предност, но во продолжение од мечот работите си дојдоа на место. Домашните ја презедоа иницијативата и направија комплетен пресврт, па веќе на полувремето заминаа со водство од 35-27.

И следните две четвртини завршија во корист на Партизан, па убедливата победа на крајот беше и повеќе од заслужена. Дубаи со ефект од шест победи и два порази е на делба на третата позиција со Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести