Партизан спрема „НБА бомба“, сака да го земе охриѓанецот Осман

Турскиот кошаркар роден во Охрид, Џеди Осман, би можел да го напушти Сан Антонио спарс и од НБА лигата да се врати во Европа.

Според информации на специјализираниот кошаркарски портал „Inside Euroleague“, Осман има понуди од Партизан, Барселона и Анадолу Ефес. Неговата главна желба е да остане во НБА, но ги разгледува и понудите на овие три клуба.

Осман до 2017 го носеше дресот на Ефес, по што прејде во НБА каде играше за Кливленд кавалирс и Сан Антонио. Со квалитетите кои ги има, би бил огромно засилување за која било екипа во Евролигата.

 

- Оглас -

Најнови вести