Партизан сруши еден рекорд, но не успеа да ја сруши Барселона

Партизан во Белград загуби од Барселона со 80:89, но српскиот тим остана со добри шанси да влезе во Топ 8 завршницата во Евролигата. Во „Штарк арената“ беше поставен нов рекорд сезонава откако на трибините имаше 20.041 гледачи, најмногу од сите мечеви во Евролигата.

И со ваква поддршка од над 20.000 фанови, Партизан не можеше да го скрши отпорот на гостите. Барселона водеше во најголем дел од средбата, гостите го контролираа резултатот, па на крајот славеа со девет разлика.

Во останатите денешн мечеви: Макаби – Виртус 111:80, Анадолу Ефес – Милано 89:69, Панатинаикос – Баерн Минхен 86:76 и Басконија – Алба 93:87.

- Оглас -

Најнови вести