Партизан во аут, Тричковски оди понатаму во Конференциската лига

Белградскиот Партизан неочекувано е елиминиран од Конференциската лига откако вечерва во српската престолнина, Црно-белите загубија со 1-3 од Шериф Тираспол, а првиот меч на гости Србите го добија со 1-0.

Партизан и вечерва имаше предност од 1-0, но на крајот се радуваа гостите, кои со три гола го шокираа противникот.

АЕК Ларнака одигра 0-0 против украинскиот Днипро и благодарение на победата од 1-0 на првиот меч во Кипар, АЕК оди понатаму. Иван Тричковски, кој е капитен на кипарскиот тим, вечерва не влезе во игра, беше на клупата за резерви.

Продолженија ќе се играат во Белгија, каде што Андерлехт го совлада Лудогорец со 2-1 во регуларните 90, но бугарскиот првак беше подобар со 1-0 на првиот меч.

- Оглас -

Најнови вести