Фудбалскиот клуб Партизан за денеска во Анталија си закажа два пријателски натпревари, едниот со романскиот Виторул, а другиот со Краковија од Полска.
Бидејќи не е можно едни исти играчи да настапат на два меча, одлучено е против Виторул шанса да добијат резервите и младинците, додека првиот тим ќе им се спротивстави на Полјаците.
Барем мечевите нема да бидат во ист термин, па стручниот штаб ќе може да ги гледа и да ги води двата меча.