Партизан застана во одбрана на своите играчи кои жестоко се тепаа пред ноќен клуб (Видео)

Тројца кошаркари на белградскиот Партизан, тоа се Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Нтиликина, ноќта помеѓу недела и понеделник биле излезени во еден ноќен клуб и учествувале во тежок инцидент.

Има снимка на која се гледа како еден играч на Партизан, според сведоците тоа е Џонс, му крши стаклено шише од главата на еден човек, а потоа откако момчето паѓа на земја, го гаѓа и со остатоците од шишето.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот во 4.30 часот, а имало тројца повредени, еден со скршен прст, другите двајца со полесни повреди на главата.

КК Партизан потврди дека тројца нивни играчи синоќа се нашле во центарот на инцидент што се случил недалеку од добро познат белградски ноќен клуб. Според информациите добиени од играчите, тие биле расно навредувани од група момчиња, додека девојките од нивното друштво биле нарекувани со најпонижувачки имиња едноставно поради фактот што се во придружба на луѓе со темна кожа.

„Кога сите помислија дека инцидентот е завршен само вербално, истата група момци ги чекаше играчите на Партизан пред клубот и физички ги нападнаа. Како резултат на нападот, тие им возвратија на напаѓачите. По добивањето на покана од надлежните органи, играчите на Партизан ќе одат да дадат свои изјави. Сите внатрешни прашања во КК Партизан ќе бидат решени согласно актите на клубот“, објавија Црно-белите.

- Оглас -

Најнови вести