Пасошот дефинитивно го спречи договорениот трансфер на Суарес во Јувентус

Луис Суарес не може да стане Италијанец пред 6 октомври, а пријавувањето за Лигата на шампионите завршува на 5 октомври, па овие 24 часа се пречката поради која од административни причини за него ќе нема место во екипата на Јувентус и сега Уругваецот има две опции: или да остане во Барса, каде што не е посакуван, или да оди во некој друг клуб.

Според Радио Каталонија, Суарес веќе ја отпишал варијантата да замине во Јуве, иако ги договори личните услови со Старата дама. Немало шанса Суарес да добие италијански пасош пред крајот на преодниот рок, а како Уругваец не може да игра за Јуве поради пополнетоста на квотата за неевропски играчи во редовите на италијанскиот првак.

Откако сфатил дека нема да има право да игра за Јувентус во групната фаза од ЛШ, Суарес решил да го откаже трансферот, па сапунската опера околу неговата кариера продолжува. Суарес имаше желба да замине и во Атлетико Мадрид, но веројатно нема ништо и од тоа.

Барселона сака да го продаде Суарес за да не го загуби бесплатно, а Суарес инсистира да ги добие парите кои клубот треба да му ги исплати за претстојната сезона и како слободен да си оди.

Утре Барса игра пријателски меч со Жирона и останува да се види дали Суарес ќе игра.

- Оглас -

Најнови вести