Пато: Анчелоти е вистински шармер, во Милано секој ден доаѓаше со хеликоптер кој го управуваше жена му

Алешандре Пато своевремено важеше за еден од најталентираните светски напаѓачи, но повредите не му овозможија да ја има кариерата што ја сонуваше.

Своевремено беше дел од Милан, каде што беше предводен од легендарниот Карло Анчелоти, а Пато откри интересни детали.

„Анчелоти е вистински шармер. Додека беше тренер на Милан, на тренинзите секој ден доаѓаше со хеликоптер кој го управуваше жена му. Таа има лиценца за управување, а тие живеаја во Парма.

Иако му беше понудено да се пресели во Милано, тој едноставно не сакаше. Сепак, Карло ми стана како татко, толку се зближивме, што тој своето куче го крсти Пато“, напиша Пато во својот пост на „theplayerstribune.com“.

„Мојата кариера ја одбележаа повредите, ако некој го повреди коленото, нека ми се јави мене, Доктор Пато ќе му ја каже дијагнозата бидејќи сè научив со текот на годините“ додаде Бразилецот.

Пато пред неколку дена наполни 35 години, а сега е дел од тимот на Орландо пајретс, каде што во последната година и пол има само 26 настапи.

- Оглас -

Најнови вести