Пау Гасол се враќа на Дивиот Запад

Ветеранот Пау Гасол во следната сезона ќе го носи дресот на една од најдобрите екипи во Западната конференција во НБА-лигата, а тоа е Портланд трејблејзерс. Едногодишниот договор ќе му биде вреден 2,9 милиони долари.

Гасол ќе биде петти Шпанец кој играл за Портланд, по Фернандо Мартин, Серхио Родригес, Руди Фернандес и Виктор Клавер.

Трансферот на ексиграчот на Гризлис, Лејкерс, Булс, Спарс и Бакс, во Блејзерс е изненадување бидејќи се спомнуваше дека ќе остане во Милвоки или ќе премине во ЛА клиперс. Во екипата на Портланд, која играше финале на Западот во минатата сезона, веќе има тројца добри центри: Јусуф Нуркиќ, Хасан Вајтсајд и Зек Колинс, конкуренцијата е многу силна и со Гасол ќе имаат одличен квартет високи кошаркари. По заминувањето на Енес Кантер, се отвори едно место и клубот ги ангажираше Гасол и Ентони Толивер.

За 18 години во НБА, Гасол има заработено над 200 милиони долари, а има две шампионски титули со ЛА лејкерс. Тој е еден само од четворицата во историјата на НБА со 20 000 поени, 11 000 скока, 3 500 асистенции и 1 500 блокади.

- Оглас -

Најнови вести