Пауло Дибала и Даглас Коста неизвесни за дуелот со Јанг бојс

Јувентус утре ќе го пречека Јанг бојс без двајца клучни офанзивци. Покрај тоа што Кристијано Роналдо е суспендиран, дополнителни проблеми создадоа и отсуствата на Пауло Дибала и Даглас Коста.

Аргентинецот се повреди за време на дербито против Наполи, при еден остар старт на Марио Руи, по кој заработи исклучување од мечот, додека Коста сè уште закрепнува од повредата со која се здоби уште на мечот против Валенсија во првото коло од ЛШ. Добра вест за „старата дама“ е враќањето на Сами Хедира во составот, кој денес тренираше со првиот тим по кратка пауза.

Макс Алегри ќе мора да се потпре на Марио Манџукиќ како единствена напаѓачка опција, со тоа што од крилните позиции ќе помагаат Бернардески и Куадрадо.

Натпреварот Јувентус – Јанг бојс во рамките од второто коло во Лигата на шампиони се игра утре, во терминот од 18.55 часот.

- Оглас -

Најнови вести