Педри постави рекорд, потоа си даде автогол од пола терен, а потоа Шпанците погодија и во вистинската мрежа (Видео)

Многу возбудувања, неизвесност и по последниот свиреж во првото полувреме за 1:1 на дуелот Хрватска – Шпанија во осминафиналето од Европското првенство.

Педри стана рекордер како најмлад играч што бил стартер во меч од нокаут-фазата со 18 години и 215 дена, надминувајќи го рекордот на Вејн Руни (18 години и 244 дена), но младиот играч на Барселона нема по добро да го памти мечот бидејќи е запишан како стрелец на автогол во 20-тата минута.

Педри се обиде да му врати една топка на Унаи Симон, но голманот на шпанската репрезентација направи катастрофална грешка, лошо реагираше и топката заврши во мрежата.

https://twitter.com/i/status/1409547723041296389

По негативата од 0:1, Шпанците не се збунија и продолжија да напаѓаат, а награда за тоа стигна во 38-мата минута, кога Сарабија погоди за 1:1.

https://twitter.com/i/status/1409552140943638536

- Оглас -

Најнови вести