Пеколен план се крои во Мадрид, Реал тргнува по Халанд, Мбапе и Погба

Веќе неколку трансфер периоди назад, Реал Мадрид и да не донесе засилувања кои се достојни за името на овој клуб, сепак, тоа на лето очигледно ќе се промени.

Флорентино Перез веќе го крои планот за третата серија на „Галактикоси“, а главни ѕвезди ќе бидат: Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Пол Погба.

Дека Мбапе е голема желба на „Кралскиот клуб“ и не е некоја тајна, бидејќи и ова лето имаше обиди да се доведе од ПСЖ, но предноста на Реал за наредното лето е тоа што ќе заштеди околу 200 милиони евра, пари кои ќе се вложат во трансферите на останатите две ѕвезди. Халад и Погба играат во одлична форма, а веќе некое време низ медиумите се споменуваат како нови потенцијални играчи, а сега излегоа и нови информации, во кои стои дека веќе од наредниот месец ќе започнат преговорите со нивните агенти, додека за Мбапе, ќе мора да почека до јануари, иако и самиот играч во неколку наврати изјави дека сака да замине во Реал Мадрид.

Останува да се види дали овие најави ќе се остварат, но, во секој случај јасно е дека наредното лето ќе има голема реконструкција во играчкиот кадар на Реал.

- Оглас -

Најнови вести