Пеколна атмосфера, полна сала и на крај титула за Црвена ѕвезда во АБА лигата

Црвена ѕвезда е шампион во АБА лигата, откако во спектакуларен петти меч, во речиси полната сала „Пионир“ во Белград, славеше против Будуќност со 67:60, во решавачката мајсторка од финалната серија.

Фактот дека Ѕвезда пред финалето имаше еден меч повеќе на свој терен, на крајот се покажа како одлучувачки. Црвена ѕвезда поведе со 2:0 во победи, а Будуќност во Подгорица ги доби следните два дуели и израмни на 2:2, па победникот мораше да се решава вечерва.

Мечот за титула беше без многу поени и неизвесен до самиот финиш. Црвена ѕвезда почесто беше во водство во првото полувреме, а по 20 минути беше 33:28 за домаќините. И во третата четвртина, Црвено-белите постојано водеа, но ниту еднаш со повеќе од седум поени (41:34). Во решавачката последна четвртина, домаќините постојано имаа водство меѓу пет и девет поени.

На страна на Ѕвезда беше и поддршката од трибините. Домашните фанови направија пеколна атмосфера и воопшто не делуваше дека ова е дуел кој се игра во време на пандемија. Едноставно во салата „грмеше“ поддршка за Црвена ѕвезда, а на крајот тоа се исплатеше, бидејќи титулата од АБА лигата по петти пат завршува во витрините на гигантот од Белград.

- Оглас -

Најнови вести