Лидерот на хрватското првенство, сплитски Хајдук, одигра само 1-1 на гостувањето кај Локомотива во Загреб, но трибините изгледаа како мечот да се играше во Сплит. Голем број на гледачи пристигнаа од Сплит и воопшто од цела Далмација да го бодрат Хајдук, но незадоволни од резултатот, следуваше хаос на улиците низ Загреб после натпреварот.
Загребската полиција тврди дека навивачите ги нападнале после натпреварот, при што повредени се тројца полицајци, уништени се две полициски и едно приватно возило. Полицијата била принудена да употреби сила, а неколку навивачи се приведени.