Пеле денеска призна дека Роналдо го надминал по број на голови

Кристијано Роналдо со денешните три гола против Калјари, дојде до бројка од 770 голови во професионалната кариера, и изненадувачки, доби честитка од Кралот ја фудбалот, Пеле, кој порача дека му честита на Португалецот што го надминал неговиот биланс на постигнати голови.

За Пеле се верува дека дал 757 гола, но кога Роналдо го надмина тој број, не се пофали дека го надминал Пеле. Вечерва, ѕвездата на Јувентус објасни дека на Пеле не му биле запишани десет гола кои треба да бидат запишани, па всушност, Кристијано смета дека Пеле постигнал 767 гола. Како и да е, сега има повеќе голови од него.

Според Светската фудбалска федерација ФИФА, рекордер е Јозеф Бичан со 804 голови.

- Оглас -

Најнови вести