Пеле и Марадона со честитка до Меси! (Видео)

На свеченоста на која КОНМЕБОЛ (Фудбалската асоцијација на Јужна Америка) ја прослави светската титула на Аргентинците, а Лионел Меси доби статуа со пехарот од Мундијалот, какви што имаат и Пеле и Диего Марадона, преку холограм на церемонијата „присуствуваа“ и покојните Пеле и Марадона.

Беше направена монтажа со изјави со вистинските гласови на најголемите легенди на светскиот фудбал. Тие упатија пораки во кои го фалат Меси, кој вечерва на пријателскиот меч против Курасао може да стане првиот фудбалер кој дал 100 гола во дресот на националниот тим на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести