Крај на европскиот сон за битолчани: Пелистер и дома капитулира од Нексе

Еурофарм Пелистер не успеа да се пласира во четвртфиналето на Европската лига на УЕФА откако вечерва по вторпат загуби од Нексе, овојпат во Битола со 22:21. Хрватскиот тим на реваншот дојде до предност од три гола стекнати по првиот меч (29:26), а сега и во Битола успеаја да победат и заслужено да одат во следната фаза.

Пелистер добро го почна мечот и поведе со 2:0, а потоа водеше со 5:2, а во 18-тата минута за првпат стигна до четири гола предност (7:3). Битолчани имаа водство и од 8:5 и напад кој, за жал, не го реализираа, па потоа следуваше пад во играта на домашните. Ракометарите на Нексе прво намалија на еден негатива (8:7), а во 28-мата минута за првпат стигнаа до водство од 11:10. На полувреме беше 11:11, а повеќе од 4.000 домашни навивачи очекуваа дека во вториот дел ќе се стигне до посакуваниот резултат.

Во вториот дел, Нексе започна фантастично и со серија од 3:0 стигна до предност од 14:11, по неполни пет минути во вториот дел. Очајна беше играта во нападот на Пелистер, па за 13 минути во вториот дел, домаќините дадоа само два гола.

Искусните гости од Хрватска го контролираа резултатот и влегоа во мирна завршница. На осум минути ја задржаа предноста од три гола предност (20:17), што беше сосема доволно ако се знае дека во Битола дојдоа со залиха од три погодоци, па уште тогаш беше јасно кој ќе оди во следната фаза. Пелистер израмни на 20:20 на помалку од пет минути до крај, но домаќините немаа сила да избегнат нов пораз и на крајот загубија со еден разлика.

- Оглас -

Најнови вести