Пелистер и официјално крунисан во шампион: Пехарот пристигна во Битола (Фото)

Екипата на Еурофарм Пелистер забележаа победа на последниот првенствен натпревар над Тиквеш со 35-26 и официјално го кренаа пехарот со кој се крунисани во нов ракометен владетел на Македонија.

Ова за Пелистер е седми трофеј во првенството на Македонија, со што го мина Металург на вечната листа. Најтрофеен е Вардар со 15 трофеи од македонската Супер лига.

Еурофарм Пелистер сега ќе се насочи кон креирање на конкурентна екипа за настапот во групната фаза од ракометната Лига на шампиони.

Пред почетокот на натпреварот присутните гледачи ја поздравија и генерацијата од 2005-тата година која го донесе последниот трофеј пред освојувањето на овој од оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести