Пелистер немаше никакви шанси против Нексе

Битолски Пелистер го претрпе вториот пораз во регионалната СЕХА-лига откако загуби на гостувањето кај Нексе со 29:25. Само во почетните неколку минути битолчани им даваа отпор на домаќините, кога резултатот беше 4:4 и 6:6.

Нексе прво со серија од 3:0 стигна до 9:6, а пред крајот на првиот дел водеше и со 15:10. Хрватскиот тим и во второто полувреме постојано ги контролираше играта и резултатот, а еден момент Нексе водеше со 23:16.

По овој резултат, следуваа најдобрите неколку минути на Пелистер. Битолчани со низа од пет гола по ред, намалија на 23:21, но немаа шанси за комплетен пресврт.

Мирко Радовиќ со пет гола, сите од седум метри, беше прв стрелец, четири имаше Костески од пет обиди, а Кизиќ имаше пет одбрани.

- Оглас -

Најнови вести