Пелистер остана превисок за Вардар, битолчани на пенали се пробија во полуфиналето на Купот

Пелистер го победи и го елиминира Вардар по подобро изведување на пенали во последното четвртфинале и ќе ја продолжи битката за третиот куп-трофеј во клупската историја.

Битолчани погодија три пенали, Вардар промаши трипати од белата точка, откако во регуларниот дел беше 0:0.

Филип Трајчевски, голманот на Пелистер, беше вистински јунак во пенал-серијата и одбрани три удари од белата точка на гостите од Скопје.

Битолчани им се приклучија на Силекс, Струга и Македонија Ѓ.П. во полуфиналето на Купот на Македонија и ќе ја чекаат ждрепката што може да им донесе и шесто финале во најмасовното фудбалско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести