Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, со победа над Војводина од 30-29, го започна настапот на „Регионалниот ракометен турнир“ во Скопје, кој е во организација на Министерството за спорт на Република Македонија и Ракометната федерација на Македонија, а на кој ќе учествуваат и Вардар и црногорски Ловќен.
Битолчани имаа доста проблеми во првото полувреме, во кое гостите од Србија речиси постојано имаа водство, а на паузата се замина со предност од 16-15 за Војводина. Во второто полувреме следуваше комплетен превсрт, а Еурофарм Пелистер во финишот имаше и +3, но како да дојде до опуштање, па на крајот победата беше само минимална.
Од 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ се среќаваат Вардар и Ловќен. Во женскиот дел од турнирот, Металург Автокоманда загуби со 27-21 од српски Бор, додека на вториот меч играат Ѓорче Петров и Будуќност од Подгорица.