Пенал драмата го одведе Бразил во полуфиналето на Копа Америка (Видео)

Репрезентацијата на Бразил дури по подобро изведување на пенали го елиминираше Парагвај, во првото четвртфинале на Копа Америка. Домаќинот на турнирот беше фаворит, но на теренот не успеа да го скрши отпорот на ривалот.

Бразил имаше неверојатни 70 отсто посед на топка, упати дури 26 удари кон голот на Парагвај, но не погоди ниту еднаш. Парагвај беше сконцентриран да издржи на 0:0, а тоа му успеа, дури иако во 58 минута остана без исклучениот Балбуена, кој направи прекршок, судијата најпрво досуди пенал за Бразил, но по консултација со ВАР системот, забележа дека прекршокот е надвор од 16-тникот.

КОНЕЧНО ТРЕТА-СРЕЌА ЗА КАРИОКИТЕ ПРОТИВ ПАРАГВАЈ НА ПЕНАЛИ

Откако немаше погодоци по 90 минути, се прејде на изведување на пенали. Во последните две средби кога морале да шутираат пенали против Парагвај, Бразил беше елиминиран на Копа Америка во 2011 и 2015 година. Сепак, овојпат беше поинаку.

Во пенал-рулетот први започнаа Парагвајците и тоа со промашување на Гомес (Алисон го одбрани неговиот удар). Бразил беше без утка во првите три серии (погодија Вилијан, Маркињос и Кутињо), кога во четвртата серија Фирмино го промаши целиот гол и даде надеж за Парагвај.

Наместо да го искористат подарокот од Фирмино, во петата серија за Гонзалес речиси го копираше ударот на Фирмино, а Габриел Жезус не прости и со погодокот донесе голема радост за Бразил.

„Заслужено победивме. Точно е дека по 90 минути беше нерешено, но противникот сакаше само да не прими гол и од контра напади да се обиде да даде. Сега сме еден чекор поблиску до нашата цел. Остануваат уште два чекори до исполнување на желбата да бидеме шампиони на Копа Америка“, рече голманот на Бразил, Алисон.

ЌЕ ИМА ЛИ ВЕЧНО ДЕРБИ ПРОТИВ АРГЕНТИНА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО?

Кариоките за прв пат по 2007 година се во полуфиналето на континенталното натпреварување каде ќе го очекува подобриот од дуелот Венецуела – Аргентина кој се игра вечерва од 21 часот.

https://youtu.be/N29cydS4OUI

 

- Оглас -

Најнови вести