Пеналите на Роналдо го одведоа Јуве на +6 (видео)

Со двата реализирани пенали на Кристијано Роналдо и голот на Де Лихт, Јувентус славеше против Фиорентина во мечот од 22-то коло во Серија А. Старата дама со сигурните 3-0 го преброди поразот од Наполи во претходното коло, а воедно се зацврсти на врвот на табелата со 54 бода, шест повеќе од второпласираниот Интер.

Иако судијата Пасква мораше да се консултира со ВАР-собата за двата пенали, неговите одлуки беа потврдени како исправни, откако прво Пецела играше со рака во шестнаесетникот во 39-тата минута, а потоа Чекерини го сруши Бентанкур во опасната зона. Роналдо без мака ги реализира двата пенали, а конечните 3-0 ги постави Де Лихт во првата минута од судиското надополнување.

- Оглас -

Најнови вести