Пеп: Наградата за најдобар играч на сезоната ќе заврши во Ливерпул

Во двете претходни сезони, кога Манчестер сити ја освојуваше Премиер лигата, наградата за најдобар фудбалер на сезоната завршуваше во рацете на член на Ливерпул.

За 2018 година наградата ја доби Мо Салах, лани заврши во рацете на Вирџил ван Дајк, а Пеп смета дека повторно ќе се додели на играч на Црвените.

„Која ја освојувавме Лигата, наградата завршуваше кај играч на Ливерпул. Сега, кога се шампиони, нема шанси некој друг фудбалер да биде прогласен за најдобар. Таа награда е наменета за нив“, смета Гвардиола.

Aналитичарите сметаат дека Кевин де Бројне треба да ја добие наградата, неговата статистика од 11 гола и 19 асистенции во 34 лигашки меча е доволна причина да се прогласи за најдобар во актуелната сезона. Сепак, негов конкурент е капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој со своето лидерство ги предводеше Црвените до историската титула.

Воедно, Хендерсон претходно денес беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2019/20 од страна на Асоцијацијата на новинари во Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести