Пеп пред дуелот со Лидс: Бјелса е уникат, за Премиер лигата е скапоцен камен

Манчестер сити утре (18:30ч) гостува кај Лидс јунајтед во рамките на четвртото коло во Премиер лигата. Во пресрет на возбудливата средба, Пеп Гвардиола имаше само пофални зборови за марсело Бјелса, неговиот колега од противничката странга, и посочи дека Премиер лигата може да е среќна што „Лудакот“ работи на Островот.

„Марсело е човекот на кого најмногу му се восхитувам во светот на фудбалот како менаџер, но и како човек. Кројф најмногу на мене влијаеше бидејќи долг период работев со него, но Бјелса е примерот кој го следев. Тој е толку уникатен во своето менаџирање, секоја негова екипа негува посебен стил. Не можете да го мерите квалитетот на тренерот со освоени титули. Можеби јас со моите екпи кои сум ги водел сум поуспешен од Бјелса, но доколку го споредиме неговото фудбалско знаење со моето, јас сум далеку зад него. Тој за Премиер лигата е како скапоцен камен, прекрасен подарок е неговото пристуство на Островот“, истакна Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести