Пепе им се извини на сите за глупавиот потег, освен на Алиоски

Николас Пепе, напаѓачот на Арсенал, им се извини на навивачите и на соиграчите за глупоста што ја направи на дуелот против Лидс. Французинот го остави својот тим речиси цело второ полувреме со играч помалку откако доби директен црвен картон по расправијата со македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

По кратката вербална расправија, Пепе со глава го удри нашиот Алиоски, а судијата откако со помош на ВАР-технологијата ја прегледа ситуацијата, го исклучи фудбалерот на Арсенал. Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.

„Го предадов клубот во клучни моменти на мечот и нема никакво оправдување за моето однесување. Многу ми е жал и искрено сакам да им се извинам на навивачите, на соиграчите, на тренерот и на сите во клубот за мојата постапка“, напиша Пепе на својот инстаграм-профил.

По мечот, друг играч на Арсенал сакаше да се тепа со Алиоски, но Гранит Џака спречи поголем инцидент.

 

- Оглас -

Најнови вести