Пепе следниот месец ќе полни 40 години, а му нудат нов двегодишен договор

Легендарниот португалски дефанзивец Пепе нема во скоро време да оди во пензија, иако само за еден месец ќе наполни 40 години. Според најавите во Mais Futebol, на Пепе му е понуден нов двегодишен договор во Порто, според кој ветеранот би останал во португалскиот гигант до јуни 2025 година.

Актуелниот договор на Пепе со Порто истекува на крајот од оваа сезона, но со добрата игра едноставно ги уверува челниците на клубот дека уште може да биде од корист. Пепе пред два месеца беше дел од селекцијата на Португалија на Светското првенство во Катар и играше на четири меча, а даде и еден гол во победата над Швајцарија од 6:1 во осминафиналето на Мундијалот.

Пепе кариера ја започна во 2001 година во тимот на Маритимо, а потоа играше за Порто три сезони, па направи трансфер во Реал Мадрид, каде што помина 10 години. Од 2017 до 2019 година беше дел од Бешикташ, а потоа се врати во Порто и уште е активен.

- Оглас -

Најнови вести