Перез го потврди доаѓањето на Мбапе во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Флорентино Перез потврди во неофицијален разговор со фан дека Килијан Мбапе е нов играч на Реал Мадрид.

По вчерашниот натпревар против Вилјареал, навивачот му пријде на Перез и го праша за овој трансфер, на што тој му одговори „тој ќе дојде наредното лето“.

Според мадридскиот весник „АС“ Реал и Мбапе се договориле на шестгодишен договор каде што ќе има годишна плата од 30 милиони евра.

Како што е познато, Французинот беше на мета на Реал и ова лето, но ПСЖ ги одби сите понуди, но, сега тимот од главниот град на Шпанија ќе го доведе без обесштетување.

https://twitter.com/LosBlancos_Live/status/1441891558194831360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1441891558194831360%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fkylian-mbappe-psg-real-madrid-perez%2F408928

- Оглас -

Најнови вести