Перуанците со магија ќе се обидат да го запрат Нејмар (Видео)

Фудбалската репрезентација на Перу доби „неочекувана помош“ пред вечерашниот натпревар против Бразил во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2026.

Пред дуелот кој треба да се игра во Лима (03 часот), свој перморманс имаа перуански шамани, кои изведоа ритуал со којшто очекуваат да бидат запрени Бразил и нивната најголема ѕвезда, Нејмар.

Peruvian shamans doing a ritual to neutralize Neymar and Brazil
byu/Niubai insoccer

 

Досега е одиграно само едно коло од квалификациите за СП 2026, Бразил со 5:1 ја декласира Боливија, додека Перу одигра без голови против Парагвај.

- Оглас -

Најнови вести