Пешевски прв стрелец, црна точка ни беа загубените топки

Статистички, а и она што со голо око беше видливо особено на првите два од трите меча кои ги одигра Македонија на Европското првенство во ракомет, беа загубените топки. Кога се подобривме во тој елемент на средбата со Швајцарија, дојде и победата.

Македонската репрезентација е најлоша на ЕП во Германија по бројот на загубени топки, ги имаше вкупно 50. На второто место е Грузија со 42 технички грешки.

Како тим, Македонија е 14-та по ефикасност, трети сме по број на додавања, а 11-ти по бројот на одбрани на голманите. Да не беа грешките во напад, веројатно и пласманот на конечната табела ќе беше малку подобар.

Индивидуално, Жарко Пешевски е оној што се истакна со ефиксност. Пикерот е прв стрелец во Македонија со 15 гола од 17 шута, што е 88,2 отсто реализација. Најбрз спринт имаше истрчано Петар Атанасијевиќ со 30.02 километри на час, Никола Костески беше најпрецизен пеналџија со реализација на седмерците 3/3, а Филип Кузмановски е прв во комбинацијата голови и асистенции со 21, истиот бек со 13 асистенции беше најдобар асистент, а го имаше и највисокиот скок. Томислав Јагуриновски имаше 10 асистенции. Најмногу истрча Ненад Костески, над 11 километри на овие три меча. Мартин Томовски (17) и Никола Митревски (14) заедно имаа 31 одбрана. Марко Кизиќ имаше две, од кои еден седмерец, но во важни моменти на дуелот со Швајцарија.

Кога се ќе се собере и ќе се одземе, имаме многу простор за напредок во сите елементи, а прво нешто што мора да се поправи е намалување на грешките во додавања бидејќи тие грешки им носат лесни голови на противниците од контранапади.

- Оглас -

Најнови вести