Пешиќ: Не смеам да зборувам низ сè што поминавме

Репрезентацијата на Србија беше прв фаворит за титулата на Европското првенство во кошарка, но тие испаднаа уште во осминафиналето. Србите кои имаа пет победи во пет меча во групната фаза, во првиот нокаут дуел загубија од Италија со 94:86. Селекторот на Србија Светислав Пешиќ вели дека неговиот тим имал многу проблеми уште во подготвителниот период, но призна дека Италија на овој меч била подобра.

„Не смеам да зборувам низ сè што поминавме за време на подготовките. Ако почнам да зборувам, ќе речат дека тоа се само изговори. Одредени кошаркари загубија контакт со тимот. Имаше и болести и повреди. Немаме право да одиме на натпревар и да велиме дека сигурно ќе го добиеме. Тоа мора да го покажеме на паркетот. Кога имаме здрава екипа можеме да се носиме со сите селекции во светот, рече Пешиќ, кој потоа честиташе на Италија за победата.

„Заслужено победија. Беа посвежи. Ние не успеавме да споиме три добри одбрани. Многу сме разочарани и тажни, но тоа е спортот. Јас и понатаму верувам во овие момци. Ми беше задоволство да работам со нив“, заклучи селекторот на Србија.

- Оглас -

Најнови вести