Пет години помина во затвор, но издржа и се врати во фудбалот: Ова е неизмерна радост

Лучијано Кабрал беше талент на чилеанскиот фудбал и член на младинската репрезентација на оваа земја. Сепак, како 22-годишен, додека беше дел од тимот на Аргентинос Јуниорс, Кабрал беше учесник во убиство.

На почетокот на 2017 година, во тепачка во која учествувал и Кабрал, почина еден маж во Мендоза. Хозе Кабрал доби затворска казна од 16 години, а неговиот син Лучијано беше осуден на девет и пол години затвор. Поради добро однесување, Лучијано беше пуштен по пет години поминати зад решетки.

Од Аргентинос Јуниорс му дозволија на Кабрал да тренира со нив, додека не се најде клуб кој ќе сака да го прими во нивните редови. Чилеанскиот Коуимбо Унидо имаше доверба во некогашниот затвореник и го доведе во своите редови, а пред три дена му даде шанса и повторно да се врати на теренот на официјален меч.

„Почувствував неизмерна радост, затоа што повторно застанав на теренот. Пресреќен сум што ја продолжувам кариерата. Додека бев во затвор донував за втора шанса и мило ми е што ја добив. Додека бев во затвор секој ден се плашев. Понекогаш ми помагаше тоа што сум фудбалер, но понекогаш ми правеше проблеми. На крајот сфатив дека сакам што е можно побрзо да излезам. Сега уживам во секој ден, во секој момент со фудбалот“, вели Кабрал кој има 27 години.

- Оглас -

Најнови вести