Пет Италијанци и тројца Англичани во идеалниот тим на ЕВРО 2020, го нема првиот стрелец

Европската фудбалска унија, УЕФА, конечно ги прекина сите шпекулации околу тоа како ќе изгледа идеалниот тим на ЕВРО 2020. Официјално е претставен составот и во него има петмина италијански фудбалери, а тројца англиски. Го нема првиот стрелец Кристијано Роналдо.

„Дрим-тимот“ од годинашното ЕП изгледа вака: Донарума, Вокер, Бонучи, Мегваер, Спинацола, Жоржињо, Хојбјерг, Педри, Стерлин, Кјеза, Лукаку.

Инаку, во комисијата на УЕФА со технички набљудувачи која одреди кои 11-мина да бидат во идеалниот тим, од попознатите имиња беа: Естебан Камбијасо, Фабио Капело, Козмин Контра, Штефен Фројнд, Аитор Каранка, Роби Кин, Дејвид Мојс, итн.

- Оглас -

Најнови вести